Музика и танц - категорија

саз повеќе

мн. сазови
Вид збор: Именка, машки род
Музички инструмент, вид лаута.
Турски: saz

саксофон повеќе

мн. саксофони
Вид збор: Именка, машки род
Модерен лимен дувачки инструмент.
Англиски: saxophon

саксофонист повеќе

мн. саксофонисти
Вид збор: Именка, машки род
Свирач на саксофон.
Англиски: saxophonist

саксофонистка повеќе

Види и: саксофонист (м.)
мн. саксофонистки
Вид збор: Именка, женски род
Жена саксофонист.
Англиски: saxophonist

самба повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Вид танц по потекло од Бразил.
Англиски: samba

сарабанда повеќе

мн. сарабанди
Вид збор: Именка, женски род
Стар шпански и француски народен танц и музиката за тој танц.
Англиски: sarabande Француски: sarabande Албански: sarabandë
Музичко дело во ритам на тој танц.
Англиски: sarabande Француски: sarabande Албански: sarabandë

свинг повеќе

свингот
Вид збор: Именка, машки род
Вид модерен танц.
Англиски: swing Албански: sving, lloj tanci

свирач повеќе

мн. свирачи
Вид збор: Именка, машки род
Човек што свири на некој инструмент.
Англиски: musician
Примери:
Викнале свирачи да им свират.

свирење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
свири
Англиски: playing
Примери:
свирење на виолина

свирец повеќе

мн. свирци
Вид збор: Именка, машки род
свирач
Англиски: musician Албански: muzikant

свири повеќе

свират
Вид збор: Глагол, несвршен
Исполнува мелодија на некој инструмент.
Англиски: play Албански: luaj, i bie
Примери:
Музиката престана да свири.
(за музички инструмент, за радио) - Издава мелодии.
Англиски: play Албански: bën muzikë, luaj
Примери:
Слушај, свири хармоника.

свирка повеќе

мн. свирки
Вид збор: Именка, женски род
свирење
Англиски: playing Албански: muzikë

свиркар повеќе

Види и: свирач (м.)
мн. свиркари
Вид збор: Именка, машки род
свирач
Англиски: player

свирол повеќе

мн. свироли
Вид збор: Именка, машки род
Народен и инструмент, шупелка.
Англиски: flute

свиролче повеќе

Види и: свирол (м.)
мн. свиролчиња
Вид збор: Именка, среден род
свирол

свирџија повеќе

Види и: свирач (м.)
мн. свирџии
Вид збор: Именка, машки род
свирач
Англиски: player

сворче повеќе

мн. сворчиња
Вид збор: Именка, среден род
Народен инструмент, шупелка.
Англиски: flute

севдалинка повеќе

мн. севдалинки
Вид збор: Именка, женски род
љубовна песна
Англиски: love song

секвенција повеќе

мн. секвенции
Вид збор: Именка, женски род
Повторување на некој мотив на различни степени од скалата.
Англиски: sequence Албански: sekuencë

секста повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Шестиот степен на дијатонската скала; интервал меѓу дадениот степен и шестиот од него во дијатонската скала.

секстет повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Музичко дело за шест инструменти или за шест гласа.
Англиски: sextet Албански: sekstet
Примери:
Секстет во д-мол, опус 70 од Чајковски.
Ансамбл од шест музичари или пејачи.
Англиски: sextet Албански: sekstet

секунда повеќе

мн. секунди
Вид збор: Именка, женски род
Растојание меѓу два тона во однос на нивната висина.

септет повеќе

мн. септети
Вид збор: Именка, машки род
Музички ансамбл од седум изведувачи.
Англиски: septet Албански: septet
Композиција за седум изведувачи.
Англиски: septet Албански: septet

септима повеќе

мн. септими
Вид збор: Именка, женски род
Седмиот степен на дијатонската скала; интервал меѓу дадениот степен и седмиот од него во дијатонската скала.
Англиски: seventh chord

серенада повеќе

мн. серенади
Вид збор: Именка, женски род
Во средниот век во Италија и Шпанија - песна во чест на саканата исполнувана обично под нејзиниот прозорец.
Англиски: serenade Албански: serenadë
Примери:
Прави серенади.

си повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Седмата нота од музичката скала.

симфониета повеќе

мн. симфониети
Вид збор: Именка, женски род
Мала симфонија.
Англиски: symphoniette

симфонија повеќе

мн. симфонии
Вид збор: Именка, женски род
Големо музичко дело за оркестар што се состои обично од 3-4 дела.
Англиски: symphony Албански: simfoni
Примери:
Патетичната симфонија од Чајковски.

симфониски повеќе

симфониска
Вид збор: Придавка
симфонија
Англиски: symphonic
Примери:
симфониска поема

симфоничар повеќе

мн. симфоничари
Вид збор: Именка, машки род
Композитор на симфонии.
Англиски: composer Албански: simfonist, kompozitor
Музичар што свири во симфониски оркестар.
Албански: simfonist

сингл повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
(мн. синглови, из. мн. сингла и сингл-плоча мн. сингл-плочи ж.) Мала грамофонска плоча со една до две композиции.
Англиски: single

синкопа повеќе

мн. синкопи
Вид збор: Именка, женски род
Сврзување на втората половина на еден такт во еден тон со првата половина на друг такт.
Англиски: syncopation Албански: sinkopë

синтисајзер повеќе

мн. синтисајзери
Вид збор: Именка, машки род
Вид електричен музички инструмент со клавијатура што може да произведе широк дијапазон на звуци.
Англиски: synthesizer
Примери:
Синтисајзерот дава неисцрпни можности за модифицирање на звукот.

сиртаки повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Грчки танц.
Англиски: syrtaki Грчки: συρτάκι
Примери:
Тој играл сиртаки по грчки ноти.

ситар повеќе

мн. ситари
Вид збор: Именка, машки род
Индиски музички инструмент.
Англиски: sitar Албански: sitar

скала повеќе

мн. скали
Вид збор: Именка, женски род
Серија од осум ноти по висината на звукот.
Англиски: scale Албански: shkallë
Примери:
Ја пее скалата.

скерцо повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Мало музичко дело во живо, брзо темпо; дел од поголемо музичко дело во такво темпо.
Англиски: scherzo

скоклив повеќе

скокливи
Вид збор: Придавка
За оро - што се игра со потскокнување.
Англиски: jumpy
Примери:
скокливо оро

слофокс повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Вид модерен танц, бавен фокстрот.
Англиски: slow fox Албански: lloj vallëzimi modern, slloufoks
Музичка творба за таков танц.
Англиски: slow fox Албански: slloufoks
Примери:
Во ритамот на слофокс.

созвучен повеќе

созвучна
Вид збор: Придавка
Кој има сходно, хармонично звучење.
Англиски: harmonic
Примери:
Созвучни гласови.

созвучје повеќе

мн. созвучја
Вид збор: Именка, среден род
Едновремено звучење на повеќе тонови.
Англиски: unison Албански: unison, njëzëshmëri
Примери:
Созвучјето на виолините.

созвучност повеќе

Вид збор: Именка, женски род
хармоничност
Англиски: harmony

сол повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Петтата нота на музичката скала.

солист повеќе

мн. солисти
Вид збор: Именка, машки род
Пејач, музичар, воопшто уметник кој изведува соло.
Англиски: solist
Примери:
Солист на пијано.

солистички повеќе

солистичка
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на солист.
Англиски: soloistic
Примери:
Солистички концерт.

солистка повеќе

Види и: солист (м.)
мн. солистки
Вид збор: Именка, женски род
За жена солист.
Англиски: soloist

соло повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Музичко дело или негов дел предназначен за исполнување од едно лице.
Англиски: solo
Примери:
Соло за виолина.

солфеж повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Вокални вежби, пеење по ноти без придружба на инструмент и со изговарање на нивните називи.
Англиски: solfeggio Албански: solfezhio
Учебна дисциплина за развивање слух.
Англиски: solfeggio Албански: solfezhio
Примери:
Часови по солфеж.

соната повеќе

мн. сонати
Вид збор: Именка, женски род
Вид инструментално дело кое се состои од три или четири различни дела по темпо и карактер.
Англиски: sonata
Примери:
Баховите сонати

сонатен повеќе

Види и: соната (ж.)
сонатна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на соната.
Примери:
Сонатна форма.

сонатина повеќе

Види и: соната (ж.)
мн. сонатини
Вид збор: Именка, женски род
Помала соната.
Англиски: sonatina

сопран повеќе

мн. сопрани
Вид збор: Именка, машки род
Највисок женски глас; пејачка со таков глас.
Англиски: soprano Албански: soprano
Примери:
Нејзиниот сопран ја одушеви публиката.
Најгорниот глас во многугласно музичко дело.
Англиски: soprano Албански: soprano
Примери:
драмски сопран

сопранист повеќе

мн. сопранисти
Вид збор: Именка, машки род
Момченце што пее сопран.
Англиски: soprano

сопранистка повеќе

мн. сопранистки
Вид збор: Именка, женски род
За жена сопранист.
Англиски: soprano

сопрански повеќе

сопранска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на сопран.
Примери:
Сопранска партија.

соул повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Стил во музиката, шлагерска музика со меланхоличен призвук и страстен ритам, карактеристичен за американските црнци.
Англиски: soul

спиритуал повеќе

мн. спиритуали
Вид збор: Именка, машки род
Духовна песна на американските црнци.
Англиски: spiritual Албански: spiritual

стакато повеќе

Вид збор: Прилог
Кратко и отсечно изведување на музички тонови.
Англиски: staccato

степ повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Вид на игра (танц) со наизменично тропање на подот со петиците и прстите.
Англиски: tap-dance

степува повеќе

степуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Игра степ.
Англиски: tap dance Албански: vallëzoj step

степување повеќе

Види и: степува (несв.)
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
(се) степува
Англиски: tap dancing

струже повеќе

стружат
Вид збор: Глагол, несвршен
Свири лошо на некој инструмент со жици.
Англиски: fiddle Албански: sharroj
Примери:
Везден стружеше на виолината.

струна повеќе

мн. струни
Вид збор: Именка, женски род
Жица на музички инструмент.
Англиски: string Албански: tel
Примери:
Со прстите мина по затегнатите струни.

суита повеќе

мн. суити
Вид збор: Именка, женски род
Музичко дело што се состои од неколку разнородни дела обединети од општа замисла.
Англиски: suite
Примери:
балетска суита

суитен повеќе

суитна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на суита.
Примери:
Суитна музика.

сурдина повеќе

мн. сурдини
Вид збор: Именка, женски род
Уред за придушување, ослабување на звукот на музичките инструменти.
Примери:
под сурдина

сурла повеќе

мн. сурли
Вид збор: Именка, женски род
Ориентален музички инструмент.
Албански: surlë

сурлаџија повеќе

мн. сурлаџии
Вид збор: Именка, машки род
свирач на сурла
Турски: zurnacı
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш